Барселона синоќа успеа да стигне до три бода во дуелот против Виљареал на домашен терен со 2:1. После шокот кој каталонците го доживеаа викендот од Гранада, само победа на овој натпревар беше императив за нив.
Стрелци на головите за Барса беа Гризман и Артур, а на спротивната страна прекрасен погодок постигна Санти Казорла.
Искусниот играч за врска, како да беше налутен по прекрасниот погодок на Артур на спротивната страна и од голема далечина упати удар со ефе, кој го изненади дури и еден Тер Штеген, кој оваа сезона брани во одлична форма.
Погледнете го ова ремек дело: