Koга на турска свадба гостите нема да се погодат за музиката, летаат столици на сите страни (Видео)

На една свадба во Адана, Турција избил хаос кога сите гости почнале да се тепаат, бидејќи не можеле да се договорат околу изборот на музиката.

Додека едни со други се туркале и тепале, други фрлале столчиња врз нив.

Како што е наведено во полицискиот извештај, младоженецот и невестата доаѓаат од различни краеви на Турција, па двете семејства сакале да се слуша различна музика од нивните краишта на свадбата.

Ди-џејот ја решил ситуацијата така што наизменично пуштал песни од едниот и од другиот регион, меѓутоа тоа не ги задоволило гостите.

Набрзо дошло до препирки, па ситуацијата ескалирала.

На крајот интервенирала полицијата, но никој не е уапсен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.