Koнцерт на “Чалгија саунд систем” на плоштадот “Aлександрија” во Прилеп

calgija koncert plakat

Во петок 4. 8. 2017 г. на камената бина на плоштадот Александрија од 21.00 часот во Прилеп, целовечерен концерт ќе одржи групата Чалгија саунд систем. Концертот е во рамките на манифестацијата Прилепско културно лето што ја реализира ЦК„Марко Цепенков“.

Податоци

Чалгија саунд систем – био

Чалгијата е музичка форма и состав којшто е карактеристичен за градските средини на територијата на Македонијa и се јавува некаде во XVII-от век, својот врв го доживува кон крајот на XIX-от, за во средината на XX-от век полека да почне да замира. Покрај нагласената македонска мелоритмика, чалгиската музика е богата и со ориентален призвук, меѓу другото и поради присуството на инструменти (канон и ут) коишто се карактеристични за музиката на Блискиот Исток и Средоземјето. Во текот на периодот на активното живеење на оваа музика, создадени се голем број композиции коишто биле изведувани како по градските куќи и кафеани, така и при посебни поводи, како венчавки и крштевки, за што сведочи постоењето на многу тематски песни и ора. Сето ова ја прави чалгијата, заедно со изворната и црковната музика, еден од трите столба врз кои почива македонската традиционална музика. Создадена во 2008 год. групата Чалгија саунд систем има за цел да го одржи чалгиски израз проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата, а од друга страна, да го земе чалгискиот израз како основа за создавање современа музика која е во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин и ја продолжува традицијата. Уште на самиот нејзин почеток, групата го сврти вниманието на музичките познавачи и сладокусци на македонската музика, така што веднаш почнаа да се редат покани и настапи на фестивали и приредби ширум Македонија.

Од нив можеме да ги издвоиме следните:

Позначајни настапи:

1st International Istanbul Music and Dance Encounter – Самостоен целовечерен концерт

OffFest 2015 – Самостоен целовечерен концерт

Скопско културно лето – Самостоен целовечерен концерт

„Мариово оф роуд“- целовечерен концерт

Настап по повод чествувањето на 2 Август во Пелинце

„Локум фест“ Битола

Етно фестивал Битола

Целовечерен концерт во рамките на културната манифестација Топол културен бран во Делчево

Целовечерен концерт во рамките на културната манифестација „Крушево 9?#Ш9?~н9?- етно град“

Настап на културната манифестација „Берово – етно град“

Настап на Мариовско-Мегленски средби

Самостоен целовечерен концерт во Штип, УГД Сцена

Настап на фестивалот „Скопје гори“

Настап на „Староградски средби“ во Охрид

Самостоен концерт во рамките на театарските игри „Војдан Чернодрински“ (затворање на манифестацијата)

Настап по повод 75 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“, Велес, (2014)

2 самостојни целовечерни концерти во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид

Настап на Винскиот фестивал во Метрополис арена, Скопје

Целовечерен концерт (емитуван во живо) по повод чествувањето на 24 Мај (Св. Кирил и Методиј“), во организација на Ректоратот на УКИМ

Настап по повод отворањето на Боемската улица во Скопје

Целовечерен концерт во телевизија Алфа снимен во декември 2009 година и издаден како самостоен албум во септември 2010.

Групата настапува многу често во живо насекаде низ Македонија, како во Скопје, Прилеп, Битола, Велес, Штип, Тетово, Охрид, Струга

Групата го спрема долгоочекуваниот втор албум.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.