Koнцерт кој долго ќе се памети! Октетот “Прилеп” пред преполна сала одбележа 30-годишно музичко творештво (ФОТО/ВИДЕО)

Тие се можеби број еден музички репрезент на Прилеп во изминатите 30 години, а синоќа тој голем јубилеј го просалавија со традиционален годишен концерт пред преполна сала во Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Да, Oктетот “Прилеп”, синоќа приреди уживање со староградска музика на задоволство на прилепчани, кои и стари и млади уживаа од прва до последна минута.

Ќе биде ова концерт за паметење за кој долго ќе се зборува, а покрај членовите на октетот, јубилејот со свои настапи го збогатија и гостите: одличните вокали на Викторија Георгиоска, Белинда Ристеска и победникот од балканското шоу “Никогаш не е доцна”, Сашо Башески.

Беше уживање да се види една поинква сцена, со амбиент кој одговара на староградската музика која ја негува овој состав. Со оркестар во живо, со еден збор перфекција и доказ колку овој музички состав заслужува поголема афирмација и поддршка од надлежните институции.

Слушнете само мал дел од синоќешната атмосфера во “Марко Цепенков”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.