Јувентус е првиот финалист во италијанскиот фудбалски Куп, откако синоќа на домашен терен одбрани 0:0, и со победата од 1:2 на “Џузепе Меаца” го исфрли Интер од ова натпреварување.
Јувентус ја имаше контролата на играта и покрај тоа што Интер постојано напаѓаше. Клубот од Милано не успеа да создаде речиси ниту една стопроцентна шанса и да го загрози голот на Буфон.
Старата дама преку Роналдо имаше и неколку шанси за победа, но Хандановиќ беше на врвот на задачата.
Тренерот на Конте не го криеше незадоволството, па не крајот од натпреварот беше снимен како покажува среден прст кон раководството на Јувентус, клубот кој го водеше во минатото.
Dito medio di #Conte al termine di #JuveInter all'indirizzo della dirigenza della #Juventus ? pic.twitter.com/vcY0onu8yr
— Giovanni Albanese (@GiovaAlbanese) February 9, 2021
Ниту шефот на Јувентус не остана должен кон поранешниот соработник во клубот, па набрзо му порача:
„Одје.и и замолкни веќе еднаш шупаку“.
⚽️? Así fue el momento de alta tensión entre el entrenador del #Inter, Antonio Conte, y el presidente de la #Juventus, Andrea Agnelli. pic.twitter.com/SVYhpWU0rO
— Pipe Sierra (@PipeSierraR) February 10, 2021