Во рамките од 13-то коло во италијанската Сериа А, македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го скрши малерот и го постигна дебитантскиот погодок за Удинезе.
Нашиот Илија го постигна водечкиот погодок за тимот од Удине кога во 29-та минута на гостувањето кај Сампдорија стрелаше за 0:1.