Сашо Велески, поранешниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, кој до скоро беше во Управниот одбор на Телеком, од денеска е нов директор на ЈКП “Комуналец” – Прилеп.
Велески е трет директор на ЈКП Комуналец во мандатот на градоначалникот Илија Јованоски, а досегашен в.д. директор на ова претпријатие беше Ирена Станковска, која пак дојде на местото на Ѕвонко Јованоски.