Васил Стерјовски, еден од главните оперативци на партијата на Македонците во Албанија, на гостувањето во емисијата “Топ стори” на националната албанска телевизија “Топ ченел”, ги замолкна негаторите на македонскиот народ, кои твдат дека Тито и дал држава на Македонија во 1944 година.
Жестокиот Стерјовски кога македонските интереси се во прашање, во емисијата изнесе документи од италијанско, француско и бугарско потекло, кои сведочат дека Македонците во пограничниот регион, или поточно во Гора, Голо Брдо, Врбник… уште во 1923 година се изјаснувале како Македонци, а не како припадници на друг народ.
Ова негово излагање беше скокотливо за неговите соговорници кои во неколку наврати се обидоа да го прекинат во излагањето.