Владата на СДСМ со Стратегијата за бегалци и мигранти 2017/2027 се обврзува дека за истите ќе обезбеди домување со изградба на кампови, преку 100 згради и населби во кои ти ќе бидат сместени. Меѓудругото се обврзува дека ќе им обезбеди вработувања и плаќање на кирии доколку државата не обзебеди домување, социјална помош како и бесплатни курсеви по македонски и бесплатна здравствена заштита и образование . Полициските проверки ќе бидат омекнати со оправдување дека постои можност да немаат соодветна документација за престој во Македонија, а на мигрантите ќе им биде и овозможено олеснето добивање на македонско државјанство.
Фото: Република
Изградбата на бегалски камп на Меџитлија ја потврди и пратеникот Васко Ковачевски од редовите на СДСМ кој рече: ,, На Меџитлија ќе има бегалски камп за мигрантите’’.
Неговата изјава на говорницата во Собранието на Република Македонија предизвика лавина реакции во Пелагонискиот регион.
И во Прилеп населението стравува дека ќе има нови сограѓани. Градот се сеќава кога владата на СДСМ на почетокот од 90-тите години сакала да насели илјадници бегалци од Босна и Херцеговина, а денес со стратегијата се предвидуваат 14 згради за мигранти од Блискиот Исток во близина на прилепската касарна.