Семејството Керпичоски од Прилеп се познати по својата хуманост и дарежливост.
За време на пандемијата донираа паричини средства и автомобил во градската болница “Борка Талески”, а сега во пресрет на Новогодишните празници и пакетчиња за децата со детска пapaлиза во Дневниот центар во Прилеп.
-Најубавото чувство на свет е кога ќе израдуваш некого. Овојпат ги израдувавме дечињата со церебрална парализа. Насмевката на нивните лица ни го разубави денот. – напишаа на ФБ Зорица и Костадин Керпичоски.
За нивната хуманост добија прекрасна новогодишна честитка изработена од децата во овој центар.