Спортската јавност ја раздрма веста дека Лионел Меси сака да ја напушти Барселона по поминати 20 години во клубот.
Сега во медиумите се појавуваат и нови детали и информации.
Каталонските медиуми, “RAC1” пред сите, обајвуваат дека Меси го одбрал клубот во кој сака да ја продолжи кариерата.
Како што се наведува, тоа е Манчестер Сити на чија клупа седи Пеп Гвардиола.
Медиумите јавуваат дека Меси пред три дена го контактирал својот поранешен шеф и ја изразил својата желба да оди на Островото.
Меси и Гвардиола соработуваа во Барселона во период од 2008 до 2012 година, а многумина сметаат дека токму тогаш екипата била најдобра, односно најдоминантна во историјата на фудбалот.