Kaтacтpoфален поpaз за прилепчани на гостувањето во Охрид

Ракометарите на РК Прилеп доживеаа тежок пораз на гостувањето во Охрид, во рамките од десеттото коло од Супер лигата.

Охриѓани беа подобри од ослабениот тим на прилепчани, па беа доминатни во целиот тек на натпреварот. Крајниот резултат беше 33:21 (14:10 на полувремето).

Ова беше петти пораз за РК Прилеп сезонава, кој се наоѓа на осмото место на табелата. Охрид кој до ова коло имаше изедначен број на бодови со Прилеп, е само едно место погоре на табелата.

Најдобар поединец кај прилепчани денеска беше Тренчевски Александар со 7 погодоци, 5 постигна Христијан Милошески, а по три погодоци постигнаа Павлов Хари и Реваз Чантурија.

Во наредното коло РК Прилеп ја пречекува екипата на Бутел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.