Kaтacтpoфа во најава за земјоделците: Жaлни фотографии од прилепското вештачко езеро

Вкупниот капацитет на вештачкото езеро во Прилеп е околу шест милиони кубни метри вода, а денеска вода во оваа вештачка акумулација речиси и да нема.

И сето тоа на 3-4 месеци од почетокот на работите во полињата, нешто што особено ги загрижува околу 10.000 земјоделски семејства од регионот.

Состојбата со вештачкото езеро во Прилеп беше слична и минатата година кога водата се испушти поради промена на вентил, а од тогаш до денеска акумулацијата никако да се врати во првобитната состојба.

Фотографиите во продолжение се дело на Рубин Аризанкоски кој со нив сака да апелира до институциите за оваа еколошка кaтacтpoфа во најава за земјоделците од Прилеп и прилепско.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.