Ако Македонија не го смени своето однесување, нема да гласам за нивен влез во ЕУ и НАТО, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската ТВ Нова – пренесе “Инфомакс”.
Тој вели дека во комисијата која се состанува за решавање на контроверзните историски прашања нема напредок, а кај македонските претставници постои огромна дрскост.
-Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО.
Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка, заклучи Каракачанов.