Kaнатларчани им кажaa “güle-güle” (приjaтно) на СДCM?

Претпоследниот ден од изборната кампања функционерите на СДСМ го завршија во населеното место Канатларци.

“Колку функционери, толку и публика”.

Кандидатот за пратеник Миле Талески, министерот Сугарески и градоначалникот Јованоски собраа храброст да излезат пред жителите на Канатлари и повторно да им ветуваат.

– Претпоследниот ден од изборната кампања го завршуваме со средба со жителите на населеното место Канатларци. Во изминатите двеипол години, покажавме како се води подеднаква грижа за градот и населените места во општина Прилеп…Можеме уште повеќе, уште подобро, соопштуваат од СДСМ.

Функционерите на СДСМ веројатно заборавиле дека овие луѓе пред само два месеци протестираа за масовната узурпација на државното земјоделско земјиште во нивното населено место.

Судејќи по фотографиите, канатларчани ја донеле својата одлука за на 15ти јули. ОБНОВАТА е нивната опција и затоа јасно им порачаа на политичарите кои ги посетуваат само пред избори: “güle-güle” (пријатно), овде не сте посакувани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.