Без повредени, а шест оштетени автомобили се последиците од cooбpaќajна нecpeќа утрово во Тетово кога камион на комуналното претријатие yдpило во паркираните возила.
Според првичните информации од сведоци на настанот, најверојатно камионот удрил во возилата поради проблем со сопирачките.
-Во 9 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа со учество на камион управуван од Р.Ф (54) и шест паркирани патнички возила. Нема повредени, а голема материјална штета бележат паркираните возила. Извршен е увид за да се утврдат причините и деталите од незгодата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сообраќајката е случена во населбата Колтук каде камионот собирал смет.