Kaко што вети, така и направи: Тамара ги истетовира имињата на македонските револуционери под гpaдите (Фото)

Откако вчера во емисијата „Бекстејџ“ македонската пејачка Тамара Тодевска призна дека ненамерно направила грешка при интонирањето на химната и дека планира да ги истетовира стиховите кои ги изостави, денеска таа тоа и го направи.

Имено таа на својот Инстаграм профил сподели две фотографии од новата тетоважа на која се испишани имињата на македонските револуционери Гоце Делчев, Пити Гули и Даме Груев Сандански.

Инаку таа во емисијата зборуваше и за тешките моменти со кои се уште се соочува откако на прославата во Амбасадата на САД за „4 јули“ при интонирањето на македонската химна го изостави делот со Гоце Делчев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.