Стоби флипс слави 40 години,брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведенво прилепската компанија Витаминка. Под мотото „Стоби флипс 40 години насекаде“ со многу активности во текот на целата година, компанијата ќе покаже како се создаваше и растеше најсилниот бренд во Македонија, што претставува за потрошувачите и какво значење има за компанијата и пазарот.
„Секоја идеја може да биде вредна и да даде резултати, доколку се работи на неа и се вложи во нејзината реализација. Тоа го потврдува денешниот статус на Стоби флипс, 40 години континуиран квалитет на најпрепознатливиот македонски бренд. Стоби флипс, носи голема вредност и за компанијата, затоа што со својата експанзијапридонесе за растот на Витаминка. Сепак, најголемата вредност е значењето за потрошувачите што го има и довербата во брендот што постојано расте и се зголемува“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.
Покрај збогатувањето со нови големини и вкусови, растечката популарност на Стоби флипс, наметнува зголемување на неговото производство, предизвик на којшто Витаминка во целост може да одговори.
Растењето на популарноста на домашниот пазар, подеднакво е следено со пласирање на странските пазари и зголемување на продажбата. Денес Стоби флипс е присутен на пазарите во уште 40тина земји од целиот свет. Бројот на земји каде е присутен постојано се шири и од година во година расте, што е резултат на неговиот висок и постојан квалитет.
Кампањата за одбележување на 40годишниот јубилеј на Стоби Флипс, започна со лансирањето во вселената, со што стана првиот македонски бренд кој го освои и овој простор.