После Богородичните пости зачестија свадбените прослави во Прилеп, а прилепчани се секогаш уникатни кога одат по невестата.
Непишано правило е автомобилите да бидат украсени со знамиња, па често по улиците можат да се забележат свадбарски поворки со државното знаме, но и со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.
Ѕвездата од Кутлеш е речиси традиционална на секоја семејна прослава во Прилеп и уникатен украс под кој се имаат одиграно безброј ора и се имаат пеено безброј македонски песни.