Кина во 2020 година планира да вложи околу 800 милијарди јуани или 114,36 милијарди долари во изградба на железници, соопшти министерството за транспорт.
Вложувањата во улици и патишта изнесуваат речиси 1.800 милијарди јуани, додека за цивилно воздухопловство се издвоени 90 милијарди јуани.
Во 2019 година се очекува конечните вложувања во кинескиот транспортен сектор да изнесуваат 3.200 милијарди јуани, пренесува новинската агенција “Ксинхуа”.
Kинеската национална комисија за развој и реформи одобри три железнички проекти и еден проект за аеродром. Официјален Пекинг ги забрза проектите во инфраструктурата за да го зајакне економскиот раст и стандардот на населението, а со тоа и нивната куповна моќ.
Оваа одлука е логична, затоа што ако дојде до пореметување на било кој пазар, власта сеуште може да смета на 1,5 милијарди Кинези, кои со растечката куповна моќ можат да ги пополнат настанатите празнини.
Комисијата одобрила проект за изградба на брза железница вредна 72,29 милијарди јуани или 10,34 милијарди долари во северно-источната покраина Лиаонинг и Јилин.