Kaкво време не очекува во наредните денови?

Изутринава и претпладнево времето беше променливо облачно со повремен дожд.

Попладнево облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 11, а максималната од 14 до 21 степени.

Во Скопско ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 8 до 18 степени.

Утре од крајот на денот и преку ноќта преку земјата ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер.

Во четврток сè уште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура позначително ќе опадне.

Од петок дневните температури ќе бидат во постепен пораст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.