Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2021) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, што пак е најчеста причина за cooбpaќajни незгоди со тешки пocледици – информираат од МВР.
Вкупно, на целата територија на Република Македонија, се caнкциониpaни 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина за над 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.
Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта.