Се почестите ерупции на вулкани претставуваат многу поголема закана за човештвото, предупредуваат научниците од Велика Британија
Анализирајќи ги вулканските активности во претходните 100.000 години, истражувачите од Универзитетот во Бристол направиле хронологија на суперерупции, кои можат да произведат околу 1000 гигатони лава.
Вулканот во Јелоустоун во Вајоминг САД означен е како супервулкан чија ерупција би можела во потполност да ја промени постоечката клима на Земјата. Во студијата на научниците од Бристол се наведува дека до катастрофални ерупции доаѓа на секое 17.000 години.
“Во претходната анализа од 2004 година пишуваше дека вакви ерупции се случуваат на секои 45 или повеќе илјади години. Сега тоа се промени”, вело Џонатан Руџер, еден од истражувачите.
Уште од 2014 година научниците од САД предупредувале дека вулканот во Јелоустоун е “клучот”, и дека во случај на негова ерупција градовите во круг од 300 милји би можело да бидат прекриени со лава.
А/Г/