Размислуваме за сите мерки, вклучувајќи локално, регионално, па дури и целосно затворање на државата, рече во вечерашното гостување во „Трилинг“ на 24 вести претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски.
-Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија, рече тој.
Според Караџовски, лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.