Kapакачанов: “He вepyвам на убави изjaви – caкам потпишан договop дека Maкедонците до 1944 година биле Бугapи”

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов утрово на БНТ изјави за ветото дека „Бугарија направила вистинската работа, покажала карактер и достоинство“.

Бара писмен документ или нов договор од Македонија, како што нашата држава потпиша со Грција.

-Да, треба да има писмен документ, јас на изјавите на скопските политичари и министри не верувам. Три години слушаме само убави нешта. Прво, јасно и категорично признание за тоа дека историјата на Македонија до 1944 година е дел од историјата, културата и јазикот на бугарскиот народ. Второ, нивните напори за создавање на некаков посебен идентитет, датираат после 1944 година. Трето, и покрај ова, на територијата на Република Македонија има луѓе, кои и покрај државната политика имаат бугарски чувства и го нарекуваат својот јазик бугарски. Анекс го кажав, може да е меморандум, може да е нов договор, како сакате речете го, идејата ми е да биде потпишан, затоа што не им верувам на убавите изјави, рече тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.