Украинскиот претседател Петро Порошенко учевствува на самитот на НАТО во Варшава.
Порошенко ја искористи посетата на Варшава да положи цвеќе на споменикот на жртвите од масакрот во Волин, но не очекувал дека поради тоа ќе му се смее цел свет.
Некој забележал дека додека Порошенко полагал цвеќе носел искинати чорапи. Ова со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи, па украинскиот претседател стана одново предмет на потсмев.
Руските медиуми секако оваа случка ја пренесоа како ударна вест.
Претходно Порошенко на средба со американскиот претседател Барак Обама се појави со изгужвано одело.