Oд град оставен на работ на заборавот пред 12 години, до град со свежина, град кој блеска од убавина, град со европски лик.
Денес градот под Марковите кули е непрепознатлив, раскошен, раззеленет, чист, среден и уреден.
Речиси да не постои место каде се нема инвестирано и кое не добило нов и современ лик.
Во изминатите 12 години се инвестираше во се’. Се инвестираа 10 милиони евра во образованието, се изградија нови паркови, нови плоштади, нови знаменитости, се гради пречистителна станица, Прилеп доби ново кино, нови спортски сали, нови спортски игралишта….
Пред 12 години огромен број улици беа без асфалт, денес истите се асфалтирани и осовременети.
Прилеп засилено чекори и кон економски подем. Се изгради технолошко- индустриската зона Алинци, индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2.
Градот е лидер во легализирање на дивоградбите во државата.
ПРИЛЕП СЕ САКА СО ДЕЛА!
А.Г.