KAKO НОВИ: Еве како вашите патики да станат повторно блескаво бели

Белите патики се едни од најпродаваните модели низ светот, но постои еден мал проблем – нивната белина може да се изгуби многу брзо.

Но, постои решение и начин да им ја вратите нивната белина и блескавост! Подгответе ја оваа смеса и исчистете ги, а со тоа направете ги да изгледаат како да сте ги купиле пред неколку дена.

 

Состојки:

-лажичка сода бикарбона

-малку вода

-малку oцет

Подготовка:

Помешајте ги сите три состојки. Вода и оцет ставете речиси исто, а заедно со содата треба да добиете густа паста.

Со стара четкичка за миење заби земете од пастата и намачкајте ги патиките. После тоа исплакнете со топла вода и оставете да се исушат.

Оваа домашна паста е одлична за платнени, но и за кожени патики, а тие кои испробале велат дека симнува секакви флеки.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.