KAKO ДА РЕАГИРАТЕ И ДА СИ ГО СПАСИТЕ ЖИВОТОТ ПРИ УБОД ОД СТРШЛЕН

Убодот од стршлен обично не е фатален, но во некои случаеви може да дојде до опасни алергиски реакции кои може, ако не се реагира навремено, да биде дури и смртоносен.

strljen-foto-wiki

Во некои случаеви може да дојде до анафилактички шок, односно алергиски реакции на отровот, а тогаш целата работа е многу опасна.

Во секој случај, најдобро е да се избегнуваат авантури во природа каде има стршлени. Доколку се занимавате со земјоделие, бидете внимателни и заштитете ги отворените делови на телото. Ако дојде до убод, веднаш извадете го осилото и ставете ладна облога.

До алергиски реакции и шокови доаѓа поради повеќе причини:

  • Поради тоа што личноста е алергична на убод од инсект
  • Поради тоа што убодот е на чувствително место на телото (во пределот на лицето или вратот), каде отокот може да предизвика гушење
  • Ако веќе постои убод од стршлен или оса во претходните неколку недели, па имуниот систем станал преосетлив на алерген и во случај на повторен убод доаѓа до алергиски реакции на организмот.

strsljen-pixabay

Потребно е да се нагласи дека во случај на такви несакани последици треба веднаш да се повика брза помош, со цел да се спроведе антишок терапија. Таа терапија можат да ја изведат само професионалци, кои со следење на симптомите ќе ја одредат дозата на адреналин, антихистаминик и кортикостероид, за да ја неутрализираат алергенската реакција.

Во случај личноста да е во смртна опасност, а во тој момент нема лекар кој би помогнал, алергиската реакција може да се убалжи со адреналинска инекција која е однапред припремена. Затоа, ако сте изложени на опасност од убод на стршлен, а посебно ако сте алергични на убод од инсект, потребно е да имате една таква инекција и таблети антихисаминик за секој случај, а за сето тоа претходно консултирајте се со лекар.

Во случај да нема алергиски реакции, туку во прашање е само обичен оток, местото од убодот треба да се третира со ладни облоги. Меѓутоа во некои случаеви, алергиската реакција може да закасни и 8 до 10 саати, па сепак е најдобро да се обратите кај лекар, посебно ако веќе ве убодил инсект во последните неколку недели.

За крај ви даваме уште еден корисен совет. Некои искусни пчелари велат дека отокот или болката кои настануваат поради убод на пчели, оси или стршлени, можете да ги ублажите и со помош на таблета аспирин или андол. Потребно е една таблета да ја ставите на местото на убодот, да ја држите една минута, а потоа да ја тргнете. Тоа е потребно да го направите веднаш после убодот, па така ќе го смалите отокот или ќе ја намалите болката.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.