Красимир Каракачанов, денеска во Битола изјави дека спорот меѓу Бугарија и Македонија е политички, а не историски, а Гоце Делчев е Бугарин.
Тој денеска промовираше неговата книга за Тодор Александров, на покана на битолското здружение „Иван Михајлов“.
„Историјата е јасна по тој однос, кој чита ќе разбере. Ги гледаш документите, ги читаш и треба да се замислиш. Ама да кажеш дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин само затоа што имал бугарски пасош, поголема глупост нема. Во тоа време на никој не му требал пасош на Бугарија за да дојде да учи на училиште или универзитет. Гоце Делчев доаѓа од Кукуш во бугарското воено училиште. Не оди во Атина, Белград или Санктпетербург, оди во Софија. Со тоа напишал што е, нема за што да спориме”, вели Каракачанов.