Kaпитенот Лазаров се сретна со својот фудбалски идол: Две легенди на една фотографија

16299558_1349505381779585_317733964211639214_n

Легендарниот фудбалер на Барселона, Роналдињо, повторно се врати на „Камп Ноу“, но овој пат во сосема друга улога.

Kако што вечерва соопшти клубот, Бразилецот ќе биде амбасадор на клубот и ќе се потруди да помогне во бројните проекти, кои се поврзани со промовирањето на Барса како бренд ширум светот.

Денес со почеток од 17.30 часот Роналдињо беше претставен на официјална прес-конференција, на која повторно по пауза од девет години како член на Барса  им се обрати на јавноста и на фановите.

Пред да биди претставен Роналдињо се сретна со нашиот капитен Кире Лазаров, а предводникот на македонската ракометна репрезентација објави фотографија со својот фудбалски идол на  Фејсбук.

Бразилскиот виртуоз како фудбалер во каталонскиот клуб настапуваше од 2003 до 2008 година.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.