Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров не ги заборави Македонците и преку новогодишна честитка им се обрати на сите.
-Драги членови на школата, кампери и Македонци ви посакувам се најдобро во новата 2018 година, ви посакувам многу здравје, среќа и љубов во истата, ваш Кирил Лазаров, стои во честитката.
Ние исто така му ја честитаме Новата година на Кире, со желби да биде во добро здравје и уште повеќе расположен, па да ги наполни мрежите на престојното Европско првенство во Хрватска.