Во организација на советите за млади на општините Велес и Штип, во село Ореше, се одржа камп за млади луѓе, каде преку предавање за тимска работа и time menagment, младите имаа можност да ги зајакнат своите лидерски способности, како и да го зајакнат сопствениот дух, креативност и визија.
На предавањата се дискутирало и за зајакнување на младинското организирање, а името под кое се одвиваше оваа дружба на 1100 метри надморска височина, беше “Градење на визија и креативност”.