Kaлендар на МПЦ: Денеска се Преподобни Симеон и Јован

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јули. Денеска е Преподобни Симеон и Јован.

Свети Симеон и Јован беа родум од Едеса. На 30-годишна возраст тргнаа на поклоничко патување во Ерусалим. Меѓу другото, посакаа да го посетат и манастирот на преподобен Герасим крај реката Јордан. Одлучија тука да останат и се замонашија. По некое време заедно се повлекоа на пусто место надвор од манастирот за таму да го продолжат подвигот.

Поминаа неколку години и Бог го повика Симеон да се исмева со светот, т.е. го повика на подвигот на лудоста заради Христа. Тој го напушти својот соподвижник Јован, кој остана тука се до смртта во 392 година и пак дојде во Едеса. Се правеше луд и така ја прикриваше големата благодат што ја носеше во себе, со чија помош гледаше во срцата на другите и имаше зборови што го покренуваа целото битие на човека.

Свети Симеон толку се ослободи од гревот во светот, што Бог го издигна жив на небото околу 590 година.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Благословен Августин Кажотиќ.

Бил роден во Трогир, околу 1260 година. Бил бискуп во Загреб и во Лучера. Во Загреб се истакнал со пастирските походи во бискупијата и со уредувањето на богослужбата, а во Лучера како проповедник против кривоверството. Умрел во Лучера, Италија, во 1323 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.