Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу викендот го поминале во Сибир, каде го искористиле времето за одмор.
„Владимир Путин, заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, го поминува викендот во Сибир“, потврди вчера Песков.
Фотографиите и снимките покажуваат дека Путин управува теренско возило низ густа шума.
На снимката се гледаат Путин и Шојгу во длабок снег како преминуваат мосрт со јажиња преку замрзната река.
Шојгу му ја покажа својата работилница на претседателот Путин во која се занимава со резба во дрво.
Путин (68) традиционално ги поминува одморите во Сибир.