Kaко не се пojaви кај нас нешто вакво? Кинезите пpoнашле џинoвcко нaфтeнo поле за кое дoceга не знаеле дека пocтои

Најголемиот кинески производител на нафта и гас CNPC објави дека е откриено огромно нафтено поле на северозападот од земјата, кое би можело да има повеќе од милијарда тони резерви на нафта.

Според CNPC, резервите на нафта на полето Кингченг во заливот Одрос изнесуваат 358 милиони тони, како и тоа дека резервите би можеле да достигнат до 693 милиони тони.

Оваа години на нафтеното поле ќе се произведат вкупно 640.000 тони нафта, а се очекува дека годишното производство во блиска иднина ќе достигне 3 милиони тони, изјавил Ли Луганг, потпретседател на “Петро Кина”, подружница на CNPC.

Koмпанијата исто така објави дека пронајдени се околу 740,97 милијарди кубни метри резерви со гас, кои се истражени во југозападниот кинески слив Сичуан. Оваа година Кина планира да прозиведе 7,7 милијарди кубни метри гас да го прошири производството на над 10 милијарди кубни метри гас до крајот на 2020 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.