На Фејсбук се појави видео од километри пат кое што како што се вели во објавата е доказ како изгледаат 500-те километри автопатишта кои власта вели дека ги изградила овие три години.
На видеото јасно се гледа дека во Пробиштип дел од ние проекти кои власта на претходните избори ветуваше дека ќе ги изгради, а со истите се пофали и лидерот на СДСМ Зоран Заев не е воопшто завршен.
Кај Крупиште во Пробиштип ова е нужен пат кој води до градот Штип, каде граѓаните ги извршуваат најголем дел од своите административни секојдневни обврски, но принудени се со години да одат со теренски возила затоа што 18 километри не можат да ги минуваат пеш.
Инаку од предвидените 18 километри пат, 30% од трасата воопшто не е ни раскопана, а камоли да е завршена со поставување асфалт.
Да потсетиме дека Заев пак во предизборнава кампања рече дека се граделе 260 километри автопати и 300 километри експресни патишта. Оваа делница која завршува во Штип е еден од тие експресни патишта со кои валста се пофали но не ги заврши.
Ова ли се тие патишта кои СДСМ ги изгради овие три години?