Kaко да препознаете глупави луѓе?! Фројд тоа го откривал со една реченица

Легендарниот психијатар човечката глупавост ја откривал многу брзо.

Сигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и татко на психоанализата ни остави генијални мудрости и изреки за сите времиња.

Меѓу нив е и лекцијата која секој треба да ја запомне – како да препознаете глупави луѓе?

“Првиот знак за глупав човек е потполното отсуство на срам”, рекол Фројд.

Значи, кога ќе наидете на ситуација да ви е срам поради нечие туѓо однесување или изјава, или се чудите на нечии луди постапки, тогаш знаете со кој си имате работа.

Ако вас не ве ценат, немојте да се докажувате – бидете тоа што сте! Не е проблемот во вас, во нив е! Немојте поради тоа да ги спуштате вашите критериуми и да правите се што тие ќе посакаат, па да се правите кловн. Верувајте дека во еден момент ќе ве искористат, тоа е скриено во луѓето. Кога ќе им дадете еден прст, тие земаат цела рака.

Ако не ви веруваат немојте да се докажувате и да се правдате за тоа што го работите, како го работите и зошто го работите. Кога не сакаат да веруваат, нема ни потоа. Ќе го искористат тоа за некои лоши намери. Доволно е да останете верни на себе си и покрај се’ и ќе видете како работите после некое време ќе се променат. Но, не очекувајте промена преку ноќ – велел Фројд.

Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата предност. Кога ќе пронајдете такви луше држете ги како капка вода на дланката, а останатите занемарете ги.

Вашите очи нема веднаш да ја препознаат вредноста на таквите луѓе, но еднаш кога ќе ги препознаете немојте да допуштите било што да ве одвлече од нив.

Кога вие ќе станете најдобра верзија од себе си, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинска авантура за заедничко живеење. Тогаш вашиот заеднички живот ќе се претвори во она што секогаш сте го сакале.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.