Kaко да е роден во Македонија: Момче од Конго ја пее песната “Ој девојче девојче” (Видео)

После сите направени преработки на забавна музика, македонскиот бенд „2Be“ овој пат тие се одлучија за малку поинаков стил од тоа претходно и направија преработка на македонска народна песна “Ој девојче девојче” со малку поинаков аранжман.

Песната ја пее и Глоридие Тузолана, младо момче од Конго, кој звучи како да е роден тука во Македонија.

„За Глоди ова е прв пат да пее на Македонски јазик и му е навистина чест и задоволство, тој од првото слушање ја запомни мелодијата и ја снимивме во рок од половина час“ – велат од бендот.

Тие исто така најавија дека ова е само почеток и дека ќе следуваат уште многу преработки, и секако уште многу нивна авторска музика.

Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.