Патничкиот воз со број 641 кој се сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, се уште не е пристигнат, пренесува TВ Тера.
Патници од возот велат дека прво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.
Од железничката станица во Битола кажаа дека возот се уште не е пристигнат и немаат информации кога ќе дојди.
Во меѓувреме во 14:30 возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.
Попладне возот продолжил до Прилеп, а од таму патниците кои биле за Битола, биле превезени со комбе – дознаваат од “ТВ ТЕРА”