Eвропската куќа на ракометот направи одлично видео за нашиот капитен Кире Лазаров и неговите досегашни успеси на европските и светските првенства, како и Лигата на шампионите.
Роден е на 10.05.1980 година, а деби настапот за Македонија го имал на 23.09.1998 година против Белгија. Во кариерата има одиграно 204 натпревари за Македонија и има постигнато 1431 погодок.
Повеќе од 20 години е репрезентативец на Македонија, а во својата кариерата ги држи рекордите за најмногу постигнати голови на едно европско и светско првенство.
На Европското првенство во 2012 година, Кире постигна 61 погодок, а на Светското во 2009 година дури 92.
Кире е прв играч во Лигата на шампиони кој стигнал до бројката 1000 погодоци и го држи рекордот на најмногу постигнати голови во фазата “Фајнл фор”.
He is North Macedonia's national hero but he's also a handball legend on its own ??⭐
Kiril Lazarov is the Top scorer in a single Men's #ehfeuro. ?
How many goals the @hbcnantes's player is gonna score in January? ? pic.twitter.com/PDpBGvny7q— EHF EURO (@EHFEURO) December 13, 2019