Kaзината и обложувалниците се бунат: Ако објектите бидат на растојание поголемо од 500 метри од училиштата без работа ќе останат 10.000 луѓе

Казината и обложувалниците да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од училиштата, се предвидува со измените и дополнувања на Законот за игри на среќа, што вчера ги усвои Владата.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) смета дека со предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри, Владата го отпочна процесот на затворање на игрите на среќа во земјава. Тие предупредуваат дека ќе им се укине работата на 10 илјади луѓе и ќе го осиромаши државниот буџет за 280 милиони евра на годишно ниво. Сето ова во услови на невидена економска криза, најголема после Втората светска војна, велат од АПИС во реакција до медиумите.

„Ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира. Ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект – ниту ќе се намали играњето на игрите на среќа ниту ризиците кои ги носат, туку ќе се отвори ново поле на нелегален профит и ризик за играчите“, рече денеска Васко Илиевски од АСОМ.

Како што додаде тој,доколку од Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обидуваат да го протуркаат законот, тој нагласи дека ќе преземат радикални чекори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.