Kaвадарци доживува целосна ренесанса: Мицкоски изврши увид на повеќе проекти (ФОТО)

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посетија Општина Кавадарци во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“ и ќе извршат увид во градежни активности на повеќе проекти.

-Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Посетата опфати градежни активности на нов кружен тек на регионалниот пат Росоман-Кавадарци, целосна реконструкција и асфалтирање на улицата „8 Септември“, свечено отворање на нова спортска сала во село Сопот и пуштање во употреба на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, прв ваков објект наменет за сите општини од Вардарскиот регион. Покрај тоа, извршив увид и во градежните активности на водоводната и канализациона мрежа во месноста Моклиште, каде се реконструираат каптажи стари над седум децении. Сите овие проекти се резултат на заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт, со поддршка од меѓународни партнери, и претставуваат инвестиции вредни повеќе од 100 милиони денари. Кавадарци расте, се развива и станува се подобро место за живеење – напиша Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.