Kaко да ја доживеете стоттата година од животот: Ракијата и здравјето можат да одат едно со друго

Луѓето кои повремено пијат, според некои истражувања се поздрави и подолго живеат од оние кои никогаш не пијат или од алкохоличарите. Една ракија дневно делува превентивно на дијабетисот, ревматичниот артритис, остеопорозата, камен во бубрег, стрес и депресија, паркинсова болест, хепатитис А, ангина пекторис, а добра е и за меморијата.

Треба да се знае како се пие ракија. Не треба да се претерува, треба да се ужива во нејзината боја, мирис, вкус и да се пие во умерена количина…

Тинктура од ракија:

Оваа тинктура овозможува подобро снабдување на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, ја намалува можноста за создавање на згрутчувања во крвта, делува на отпорноста и еластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ја отстранува болката во нозете…Исто така го намалува нивото на триглицеридите и холестеролот во крвта и поволно влијае на функцијата на црниот дроб.

Состојки за една доза:

50 грама цветови од невен, 100 грама рузмарин, 100 грама госпина трева, 100 грама темјан, 100 грама семе од коприва, 1 литар ракија

Начин на подготовка:

Сите состојки добро да се измијат и ситно да се исечкаат. Потоа се мешаат со ракијата во стаклено шише кое потоа треба добро да се затвори. Оставете го шишето да отстои 15 дена на сонце или на топло место, но не забавајте секој ден да го промешате неколку пати. По овој процес, напитокот процедете го низа цедалка или газа и лувајте го во стаклено шише.

Напитокот се конзумира по една супена лажица наутро пред појадок и навечер пред спиење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.