Kупатилото од водите на Охридското Езеро го добива конечниот лик: Пронајдени две метални казанчиња (ФОТО)

Нуркачките од „Акватек“ извадија нова тура на отпад од дното на Охридското Езеро. Како што велат, во денешната акција биле извадени две метални казанчиња од југословенско производство за тоалет и еден огромен црн пластичен најлон.

-Локацијата беше на околу 200 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри некаде кај Мостот на Желбите и плажата Срјшче. Ќе ве замолам, немојте да фрлате отпад во езерото, срамота и греота е…, напиша Никола Паскали од Нуркачкиот центар.

За потсетување на овој исти потег нуркачите извадија комплетна опрема на купатило, вреќа со плочки, болјер, тоалетна школка…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.