Ова е местото каде некогаш се “заплетуваа” љубовните игри, каде паѓаа првите бакнежи, каде првпат “заискрувала” зеницата во окото. Катче каде се одлучувало кој со кого, кој – каде…
Информацијата за филмовите кои ќе се прикажуваат на кино претстави, “залепена” на старото рекламно пано ги зближувала луѓето.
Со фишеци в рака, тинејџери, заљубени двојки, по некој заскитан или намерник од постарите, грицкајќи топли семки, сончоглед, ќе ги “закотвела” на столчињата во кино салите.
Да се растажуваат или смеат, со мислата и чувствата да бидат дел од сплетките, односно интригите кои скокоткаа, на овој или оној начин.
“Смртта” на киното го запостави и паното кое дваесеттина години го “красеше” градот. Пред неколку години, на местото од рекламите никна покриено катче.
Тоа пак е место каде кришум може да се допрат усни со усни, а информација за градот може да најдат странците кои љубопитно ѕиркаат што има во “кутивчето”.
Извор: “Неделник Зенит”