Kристијано Роналдо го продава целиот свој имот во Шпанија: “Таму не одам повеќе ниту како турист”

Kристијано Роналдо е казнет со 3,2 милиони евра поради затајување на данок и доби две години условна затворска казна.

Уште порано ја избра опцијата “да избега” од Шпанија, а сега како што пишуваат тамошните медиуми, таму не сака да се врати ниту како турист.

Доби максимална условна казна, па нема да мора да оди во затвор, откако наводно затаил 14,7 милиони евра. Поради сите непријатности кои на крајот ги доживеа таму, Роналдо наводно рекол дека таму повеќе нема да патува ниту како турист.

“Го продава целиот свој имот, својата вила во елитниот дел на Мадрид за 6 милиони евра, а се одлучил да се реши и од хотелот кој го понудил за 20 милиони евра”, пишуваат медиумите.

Кристијано неодамна потпиша договор со Јувентус, а една од причините за промена на средината бил данокот и аферата која се провлекува со години. Тој вчера му се приклучи на клубот кој моментално е на припреми во САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.