Полицијата од Даниловград во Црна Гора интензивно трага по разбојник кој маскиран и наоружан со нож, во саботата влегол во една обложувалница и се обидел да го украде прометот.
Меѓутоа, во таа намера го спречил вработениот кој физички му се спротиставил на напаѓачот.
Камерите покажуваат дека во обложувалницата освен вработениот, на пултот бил присутен уште еден маж, кој седел на еден од столовите и следел спортски натпревари.
Во еден момент во обложувалницата влегува младо момче со маица преку лицето и со нож во рацете, а носел и гумени ракавици.
Што се случило понатаму погледнете во видеото во продолжение: