Кога ја замислуваме Клеопатра, едноставно сме навикнати да ја гледаме во верзијата на Елизабет Тејлор или Софија Лорен.
Меѓутоа, иако за неа знаеме многу, едно нешто не знаеме – како навистина изгледала и дали навистина била толку убава како што мислат сите?
Пред се’, поголемиот број историски извори потекнуваат од Римјаните, а со оглед на тоа дека тие не ја сакале баш премногу Клеопатра, ја отсликувале како дама која својата убавина ја користи како политичко оружје.
Плутарх, грчкиот биограф, пишувал дека Клеопатра не била толку убава, но неодолива ја правеле нејзиниот глас и интелигенција.
Сали Ен Ештон од Универзитето во Кембриџ користела слики од древни аретефакти, вклучувајќи го и прстенот на Клеопатра, а потоа сето тоа го споила, па резултатот излегол далеку од она што сме навикнати да го гледаме за Клеопатра.
Клеопатра е родена во Египет, но нејзиното потекло е од Македонија. Таа е претставена на толку многу начини што веќе не можеме да бидеме сигурни како точно изгледала, но едно е сигурно: била една од најмоќните и најинтелигентните жени кои светот некогаш ги видел, а зборувала дури 9 јазици.