Македонската ракометна легенда и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е прогласен за најдобар десен бек на деценијата, во изборот на реномираниот портал “Handball-Planet.com”.
Реномираниот портал ги објави резултатите, а изборот го извршија 21 тренер, ракометни легенди и новинари од разни краишта од светот.
Тие бираа најдобар играч на секоја позиција, а местото за најдобар десен бек му припадна на Лазаров со дури 67% од гласовите.
На второто место е унгарскиот ветеран Ласло Наѓ со 23% од гласовите, а Алекс Душебаев освои 10%.
За најдобар ракометар на деценијата е прогласен Никола Карабатиќ, додека во идеалната постава се наоѓаат уште и: Тиери Омејер, Уве Генсхајмер, Микаел Хансен, Лук Абало и Хулен Агинагалде, а за најдобар дефанзивец е прогласен Виран Морос.